Атлантик · Видеорепортажа / 2 видеа

Крф

Историски приказни, медитерански вкусови и природната убавина на зелениот остров.

Крф — видео 1
Отвори на YouTube (нов прозорец)

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање.

Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море, е познат како зелениот бисер на Медитеранот.

Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот кумкват.

Крф — видео 2
Отвори на YouTube (нов прозорец)