Атлантик · Видеорепортажа
Миконос
Островот на песочните плажи, тиркизното море и летните забави.
Миконос е за љубителите на забавата, убавите песочни плажи и тиркизната боја на морето — остров кој е меѓу најпосакуваните дестинации за луѓето од целиот свет.
Лоциран во Кикладскиот архипелаг, на оддалеченост од 650 км по копнен и 2,5 часа по воден пат, или 1 час со авион од Солун, Миконос е достижен остров за македонските туристи кои знаат вистински да истражуваат и да уживаат.
Туристи од целиот свет, познати личности, џетсетери и авантуристи се дел од летната авантура на Миконос. Овој остров на Кикладите со текот на времето привлекува сè повеќе посетители.
Миконос привлекува славни диџеи во клубовите и баровите на островот и котира високо меѓу водечките дестинации за забава на Медитеранот и во Европа.
Орнос, Корфос, Псару, Парага, Парадајс, Супер Парадајс и Панормос се само дел од најубавите европски плажи со тематски содржини.