За патувањето
Белград е главен и најголем град на Србија, сместен на спојот на реките Сава и Дунав. Тој е еден од најстарите градови во Европа, со историја подолга од 7.000 години. Низ вековите бил под влијание на различни цивилизации – Римјани, Византијци, Османлии и Австроунгарци.
Денес Белград е жив и динамичен град, познат по својот ноќен живот, кафани, фестивали и опуштена атмосфера. Калемегданската тврдина е еден од најпознатите симболи на градот, а делови како Дорќол и Земун имаат посебен шарм.
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово