За сместувањето
На само 220 км.оддалеченост Ставрос е живописно крајбрежно место во северна Грција , сместено на источниот брег на Стримонскиот залив.Името Ставрос потекнува од грчкиот збор Σταυρός што значи Крст, тоа е симбол со длабоко духовно и историско значење, кој упатува на силната православна традиција на ова подрачје.Ставрос е опкружено со природна убавина и е во близина на планината Холомондас која нуди зелени пејзажи,чист воздух и многу пријатна клима.Морето овде е мирно ,плитко и исклучително чисто.Токму оваа комбинациоја од планина и море го прави Ставрос особено привлечен за семејства, но и за сите што бараат спокоен одмор.Овде има долги песочни уредени плажи а некои од нив се носители на сино знаменце што гарантира квалитете на водата и висок еколошки стандарт.Шеталиштето е исполнето со кафулиња,традиционални грчки таверни и мали продавници со локални производи.
Вилата “ЛИТСАКИС - СТУДИО“ е убаво опремена вила и се наоѓа на 50 метри од плажа. Секое студио има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, фрижидер,решо со две рингли,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.